„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, слушајќи го гласот на народот во Собранието поднесе закон со кој што се предвидува да им бидат вратени средствата кои што ги потрошија македонските граѓани за да можат да се вакцинираат надвор од Македонија“, соопшти денеска Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„И очекуваме тој закон да биде поддржан од сите пратеници затоа што е за доброто на граѓаните, а од неспособната влада на Филипче и Заев веќе не можеме да очекуваме ништо, затоа што се покажаа како целосно неспособни да обезбедат вакцини.
Ги повикувам сите пратеници да го поддржат овој закон, затоа што овој закон е за спасување човечки животи“, додаде Николоски.