ВМРО-ДПМНЕ: Со законот за отпишување камати за наплати на долгови ќе им се олесни на граѓаните

од desk2
94 прегледи

Благодарение на предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“, граѓаните кои се наоѓаат во незавидна економска ситуација добиваат олеснување.


Законот за отпишување на камати за наплати на долгови кои произлегуваат од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории и одводнување на земјиште, кој вчера беше усвоен во Собранието на Република Македонија е предлог на опозицијата во корист на граѓаните, соопштуваат од партијата.

Добро е што СДСМ собра храброст да поддржи мерка со која ќе се влијае на стандардот на граѓаните кои ги трпат последиците од неспособноста и неодговорноста на расипничката власт.

ВМРО-ДПМНЕ го предложи овој закон заради решавање на проблемите на граѓаните, кои добиваат сметки за наплата на долгови кои датираат од деведесеттите, а доверителот е секогаш во право, затоа што долгот навистина постои. Досега не постоеше начин како да се заштитат граѓаните. Токму затоа со ова законско решение им се излегува во пресрет на граѓаните.