Сопругата на Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу земала 620.000 евра грант, додека над 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, сопругата на Муслиу добила странски грант за тема поврзана со тероризам, односно токму тоа е предмет на работа на Агенцијата за разунавање чиј директор е токму Муслиу.
-Со склучување на меморандум помеѓу Националниот координатор за борба со тероризмот и конзорциумот составен од невладини организации чиј сопственик на една од тие НВО е сопругата на Муслиу и се дадени 620.000 евра грант. Дополнително симптоматично е тоа што, меморандумот не е достапен за јавноста, што отвора сомнеж дека власта свесно се обидува да го затскрие, а се поставува и прашањето зошто, истакнаа од опозициската партија.
-Во која европска држава или НАТО земја членка, освен Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата? До сега да беше Македонија нормална држава во која функционира владеењето на правото, не само што Муслиу ќе си поднесеше оставка, сопругата ќе ги вратеше парите, туку и Јавното обвинителство и ДКСК ќе отвореше веднаш предмет за истрага, стои меѓу другото во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.