ВМРО-ДПМНЕ: Спречивме поскапување на струјата и ценовен шок кој го оставија СДСМ и ДУИ

од Nikola Popovski
20 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение порача дека Владата предводена од нив спречила зголемување на цената на струјата и ценовен шок, кој што, како што велат, СДСМ и ДУИ го оставиле додека биле на власт.

Од владеачката партија истакнуваат дека Владата предложи, а парламентарното мнозинство го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика, со што се спречи зголемување на цената на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

-Со СДС и ДУИ цената на струјата во изминатите 7 години се покачи и за 50%. Секоја година имаше зголемување. Таа пракса ја спречи владата на ВМРО-ДПМНЕ. Нема повеќе галопирачко зголемување на цената на струјата. Граѓаните можат да бидат спокојни, владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за енергетска стабилност на државата, децидни се од партијата на Христијан Мицкоски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски најави минимално зголемување на цената на струјата за потрошувачите во вториот, третиот и четвртиот блок. За граѓаните коишто се во првиот блок, со минимална потрошувачка, нема да има корекции во цената.

Кај 8% од домаќинствата кои имаат потрошувачка и се наоѓаат во третиот блок, нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми се 0,48% и за 4% од домаќинствата од четвртиот блок, нивниот трошок ќе се зголеми за 0,57%.

-Да бидеме попрецизни, во првиот блок нема промена, во вториот блок има зголемување од 0,85%, во третиот блок од 1,92% а во четвртиот од 1,88%. Евтината струја ќе се зголеми за 0,65%, рече вчера Бислимоски.

Слични содржини