ВМРО-ДПМНЕ : Ставањето на црната листа на САД на Давидовиќ ги потврди нашите наводи

од Vladimir Zorba
256 прегледи

„Ставањето на црната листа на САД на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, ги потврди сите наводи на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години за негова вмешаност во коруптивни скандали во Македонија и тесна соработка со власта на СДС и ДУИ. Тие му овозможија на Давидовиќ да гради безмалку град во Тетово прво преку купување на имотот на Шик Јелак, а потоа и прегу носење на скандалозен ДУП“, велат од БМРО-ДПМНЕ.

„Но, американските институции потврдија дека тој имал коруптивни активности и ги спроведувал руските намери за рушење на демократските институции, процеси, судството и правната држава. Во извештајот се нотирани имињата на Зоран Заев и Драги Рашковски (поручникот на Заев) кој дури и е посочено дека меѓудругото е гонет заради тоа што земал пари од Дака Давидовиќ.

Дали ова значи дека владата на СДС и Заев била рубља влада?

Дали црните рубљи завршиле во СДС или во приватните џебови на владините функционери?

Каде се сега наводните „европејци“ и „прозападни сили“ да објаснат како работеле со рускиот експонент, како добивале пари и каде тие пари завршиле?

Парите не знаеме каде завршиле, ама знаеме дека бизнис пајташот на Заев и СДС заврши на црната листа на САД“, порачаа од опозицијата.