равосудните органи вон закон и правна логика држат во притвор патриоти кои не сториле ниедно кривично дело, а обвинети се за тероризам. Меѓу притворените се наоѓаат и болни луѓе. Тие се мета на прогон затоа што мислат поразлично од Зоран Заев, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Митко Чавков има здравствени проблеми и неговата состојба се влошила во истражниот затвор. Неговото срце функционира со 50% од капацитетот. Митко Чавков целиот свој работен век го посвети на државата и нејзината безбедност. Истиот тој Чавков сега е мета на неправдата и политиката, само затоа што негова политичка опција не е СДСМ.
Загрижува фактот што владеењето на правото и правната држава се девалвирани откако СДСМ ја презеде власта. Демократијата е загрозена, а Република Македонија стана единствена држава во Европа која врши политички прогон и затворите ги полни со политички неистомисленици.
Судството без реално правно образложение одобри притвори на луѓе за кои нема правна аргументација да бидат во притвор. Апсурдот е уште поголем, па сите тие се наоѓаат во притвор заради монтиран случај“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Судот не смее и понатаму да биде дел од овој политички прогон. Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судиите треба да одлучуваат по закон и Устав, додаваат од таму.