ВМРО-ДПМНЕ: Судот треба да ја гарантира законитоста

од desk2
87 прегледи

Македонија не може да напредува во евро-атланските интеграции се додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото. Македонија е единствена држава среде Европа во која во 21 век сеуште има политички затвореници. Политички затвореници се Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април, истакнуваат денеска од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму сметаат дека судот слепо и слугува на власта неможејќи да собере храброст, да се спротистави и да дели правда врз основа на аргументи. Судот наместо праведно да суди, монтира случаи за пресметка со политичките противници на Зоран Заев.

„Независноста на судот е право на граѓаните, тој има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Судството мора да се ослободи од притисоците кои власта ги врши, одлуките мора да бидат во согласност со законите и доказите“, се додава во соопштението.