ВМРО-ДПМНЕ: Тортурата и изживувањето на власта врз притворените ги надмина сите граници

од desk2
83 прегледи

Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по информацијата дека петмина од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април, повторно се приведени.

„Крајно нечовечки, на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства. Кој го нарача и кому му беше потребно ваквото малтретирање? Зошто некој сакаше семејствата повторно да ги проживуваат истите трауми? Што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот?“, прашуваат од партијата.

Сметаат дека судот мора да пронајде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот.