ВМРО-ДПМНЕ: Цел град зборува за убијците на фудбалерот, само МВР ништо не знае

од desk4
148 прегледи

Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев се уште е на слобода. Се вештачат трагите собрани од местотот каде што се случи убиството.

Од МВР велат дека  се работи на расчистување на случајот. Денеска пак  реагираа од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да избега и да стигне каде сака, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице.

Целиот град зборува  околу мотивите и околу сторители на убиството, само МВР ништо не знае“, изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.