ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Филипче имал проблем со формирање на ново партиско раководство

„Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството“, прашуваат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Принтскрин

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција се осврна на актуелната состојба во СДСМ по последните изборни резултати, кои ги оквалификува како „дебакл“. Манасиевски истакна дека измина една недела од изборниот пораз на лидерот Венко Филипче и СДСМ, со којшто партијата „спадна на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје“.

ВМРО-ДПМНЕ јавно го постави прашањето за најавените реформи и кадровски промени во СДСМ.

„Иако по историскиот пораз минатата недела, Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак се уште јавно ништо нема“, рече Манасиевски.

Од партијата информираа дека до нив стигнале информации за проблеми во формирањето на ново раководство.

ВМРО-ДПМНЕ упати две директни прашања до Венко Филипче и СДСМ:

„Дали е точна информацијата дека на Филипче му одбиваат функции во СДС, луѓе кои важеле за големи поддржувачи на СДС и поранешни активисти? Дали и некои од тие луѓе не сакале да бидат дел од раководството на СДС, затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник?“

Манасиевски ја заврши прес-конференцијата со силна порака за потребите на партијата во иднина:

„Итни реформи во СДС и оставка на Филипче. На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Венко Филипче на чело.“