ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имало 60 илјади граѓани на синоќешниот митинг

од Nikola Popovski
337 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешното сооопштение на СДСМ за посетеноста на синоќешниот прв митинг на партијата на почетокот од изборната кампањата. Според партијата на Христијан Мицкоски, синоќа на собирот пред Влада имало 60 илјади граѓани.

-Најголемиот демант на овие овие губитнички соопштенија на преостанатата врхушка на СДС која нема начин како да го напушти „бродот што забрзано тоне“ се реките незадоволни граѓани кои од сите страни на државата дојдоа пред зградата на Владата. Овие над 60.000 незадоволни граѓани предводени од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа пред објектот кој стана симбол на криминалот и корупцијата изминатите во 7 години, за да обзнанат дека си ја враќаат Македонија повторно во своите раце после големите победи на претседателските и на парламентарните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите информации, додаваат од најголемата опозициска партија, говорат дека во СДСМ по вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ имало кавга и огромна нервоза.

-Ние нема да влеземе во глупавата тактика на СДС да броиме луѓе. Во прилог ви испраќаме видео од вчерашниот митинг, каде СДС може да си го троши времето во броење. Тоа не е наш приоритет. Важно е што промените доаѓаат, истакнуваат оттаму.

Од СДСМ излегоа со коментар дека ВМРО-ДПМНЕ имаше слаб митинг и опозициската партија не успеа ниту своите членови да ги собере во поголем број“. Од владеачката партија истакнуват дека, како што велат, малата посетеност потврди како Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што беше јасно уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за својата кандидатка.

Официјално почна кампањата за претседателските избори, закажани за 24-ти април. Кампањата ќе трае до 22-ри месецов, кога на сила стапува молкот. Во трка за фотелјата во „Вила Водно“ се седуммина.

На вториот ден од предизборната кампања, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, својата програма ќе ја претстави пред жителите на Вевчани, Струга и на Ресен. Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата ќе биде во источниот дел, во Карбинци и во Пробиштип, а митинг ќе има во Штип.

Стевчо Јакимовски од ГРОМ на средба со гостиварци. Бујар Османи од ДУИ ќе оствари средби со граѓани во Батинци, Моране и во Количани, а Максим Димитриевски од движењето „ЗНАМ“ во Берово, Делчево, Виница и во Кочани.

Слични содржини