„СДС со новото соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот“, кажаа од ВМРО-ДПМНЕ преку реакција. Од партијата дека доколку нивните политички ривали сметаат дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, „нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори“.
Од партијата на Христијан Мицкоски додаваат дека СДСМ ги пишува соопштенијата со помош на вештачка интелегенција.
„Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат во жива кал.
СДС треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка на Заев“, порачуваат од „Белата палата“.
СДСМ преку соопштение се огласи за вчерашните пораки на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека не е време за предвремени парламентарни избори, иако партиски тоа и одговара на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на партиските анкети. Во соопштението се тврдеше дека Мицкоски го следи политичкиот модел на српскиот претседател Александар Вучиќ, особено во делот на најави за избори по реконструкција на владата — процес што македонската влада го започна вчера. Од СДСМ оценуваат дека овој политички пристап е веќе виден „во повеќе земји од регионот“. Партијата тврди дека доколку во Србија има избори напролет, тоа ќе ја очекува и Македонија.