ВМРО-ДПМНЕ тврди: Нема да владееме со тендери во 4 очи и местење набавки за браќа и братучеди

од Nikola Popovski
21 прегледи

„Јасно ни е дека СДС мисли дека нашиот начин на водење на држава е погрешен, бидејќи тие се научени на криминал, корупција и неспособност, а ВМРО-ДПМНЕ  е сосема спротивното од тоа“, велат од најголемата владеачка партија по денешните обвинувања од СДСМ дека МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат: „Ние нема да владееме со тендери во 4 очи, местење набавки за браќа, братучеди или блиски лица до структурите, ние нема да бараме 20% од анекси на договори, нема да даваме пасоши на белосветски криминалци, нема да шетаат криминалци по улиците, туку јавно, транспарентно и чесно работиме, како што работиме веќе една година“.

Партијата тврди дека народот ја препознава чесната работа на Владата. Децидни се дека ги градат, како што велат, темелите на промените.

Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, непосредно пред локалните избори, во време кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво паѓа, а довербата во институциите е сериозно нарушена, МВР тајно започнало процес за нов систем за издавање лични карти. Последните јавно достапни информации говорат, вели таа, дека веќе е ангажира фирма, без било какво искуство во оваа област.

„Се поставува прашањето дали ова значи дека повторно се подготвуваат сценаријата како од времето на Никола Груевски, кога МВРО-ВМРО насовно издаваше незаконски лични карти и спроведуваше незаконско гласање“, праша Кузеска.

Слични содржини