ВМРО-ДПМНЕ: Унапредувањето на Ангелов е скандал

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК.

-Тоа е скандал. Човекот кој покажа дека ниту знае да менаџира ниту да управува со кризи да го унапредиш, наместо да го разрешиш и да поставиш компетентен лик е бесрамен потег на власта, сметаат од најголемата опозициска партија.

Според нив, треба да се стави друг човек место Ангелов, односно тој да остапи место на друг кадар.

-Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно нека си замине и нека отстапи место на некој кој е способен, оти вака свесно или не е глинениот гулаб на Заев.

Директорот на ЦУК денеска во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“ изјави бара извинување од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков.

-Службите на ЦУК подготвија барање за извинување до пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков и од него ќе побараме да ги повлече кажаните зборови за клевета и лажните информации изнесени во јавноста. Доколку не се извини, ќе го тужам.  ВМРО-ДПМНЕ треба да победат на избори, да формира влада и тогаш да кажат кој ќе биде директор на ЦУК, потенцира Ангелов.

Слични содржини