Уништувањето на билбордите е доказ за нервозата и паниката која владее во СДСМ. Причината за демолирањето на билбордите кои ја говорат вистината за Зоран Заев е стравот во владејачката партија од соочување со одговорност и уште еден обид за цензура на вистината.Додека Заев се богати, два милиони осиромашуваат е вистината за криминалот на Заев кое неговото обвинителство и судот по принципот “трас-трас” го амнестираше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие велат дека насилството, цензурата и криминалот се белег на хибридниот режим на Зоран Заев.
Тоа нема да не спречи туку не охрабрува да продолжиме да ја говориме вистината за тоа како Заев владее во земјата.Не може да сме најкриминалната земја во Европа, а Заев да е невин. Тој е креаторот и мозокот на рекетот во Македонија.Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат насилниците и да ги превземат потребните мерки за ваквиот обид за цензура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.