ВМРО-ДПМНЕ упорно тврди дека нема да поддржи уставни измени

од Nikola Popovski
89 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш остана на ставот дека нема да поддржи уставни измени и внесување на бугарското малцинство во Преамбулата, под, како што тврдат, бугарски диктат.

-Не знаеме дали Ковачевски има проблеми со слухот или халуцинации.  Ковачевски само зборува на празно, без да ги решава суштински проблеми на луѓето. Македонија тоне во корупција, владата на чело со Ковачевски е корумпирана, што го кажува и Стејт департментот, а тој како расипана грамофонска плоча се фатил за уставни измени. Луѓе како Ковачевски, кој е на чело на Владата која има изразита владина корупција е се само Европеец не, порачаа од најголемата опозициска партија како реакција на денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски,

Претседателот на Владата ги демантираше наводите од ВМРО-ДПМНЕ дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени во Собранието.

-Тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа. Тоа е само одговор на промашените тези што ги имаа, кои ги кажав и немајќи сега што да кажат, велат дека сега има други пратеници и тоа не е точно, рече Ковачевски.

Посочи дека „кај опозицијата има само декларативна поддршка“.

-Сетете се на зачленувањето во НАТО. Не поддржаа ниту една одлука за зачленување во ЕУ. Најдобар пример е гласањето на Договорот Фронтекс. Ни тоа не влегоа да го гласаат и да го ратификуваат во Собранието. Сепак, верувам дека во нашата опозиција има пратеници и структури кои сакаат да ја видат државата во ЕУ. Таму треба и јасно да се постави прашање: кој каков став има? Се повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а друг став бившиот претседател на партијата, рече Ковачевски.