ВМРО-ДПМНЕ уште не го откри кандидатот за Град Скопје – Во игра се Ѓорѓиевски, Трајановски и Перински

од desk4
64 прегледи

Вечерва се одржа седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која се разгледуваа предлози за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти дел од кандидатите, но не ја откри името на кандидатот за Град Скопје. Се шпекулира дека на таа позиција може да биде актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ексградоначалникот на Скопје и директор на ЈПДП, Коце Трајановски, или министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Исто така, нема кандидат и за општина Кисела Вода.

„Се уште се прават анкети и анализи. На листите се повеќе имиња, а наскоро ќе биде донесена конечната одлука за кандидатот за Град Скопје“, рече Сајкоски.

ВМРО-ДПМНЕ сака да го избере најдоброто име за најголемата општина во земјата.