ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени не се обврска на државата кон ЕУ

од Nikola Popovski
216 прегледи

Уставните измени за кои Џафери збори тоа не се обврски на државата кон ЕУ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на претседателот на Собранието Талат Џафери за РСЕ.

Според најголемата опозициска партија, „тоа се обврски на СДСМ и ДУИ кои ги прифатија за да си ги зачуваат фотелјите, а на целосна штета на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура преку целосно национално обезличување и прифаќање на бугарските мегаломански барања“.

-Попрво криминалната влада ќе падне, од тоа да има било какви уставни измени, порачаа од „Белата палата“.

За тоа дали уставните измени ќе влезат во собраниска процедура доколку нема обезбедено двотретинско мнозинство, кое е потребно за нивно донесување, Џафери вели дека обврските што се преземени, тоа се обврски не на мнозинството и не на Собранието и обврски што државата ги преземала на патот за отворање на претпристапните преговори и на патот за полноправно членство за НАТО.

Слични содржини