ВМРО-ДПМНЕ: Вакво глумење како Филипче нема ни во Холивуд, за Нетфликс да не зборуваме

од Nikola Popovski
92 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека се однесува како „гастербајтер кој се вратил во Македонија од Јапонија по 40 години“. Според најголемата владеачка партија, однесувањето на Филипче е „како јапонски турист“.

Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека претседателот на СДСМ е суштински дел од проблемот на неказнивост.

-Узурпирајќи ја под наредба на Заев фотелјата на лидерското место во СДС тој освен што сака не казнивост туку и се надева дека ќе заборавиме дека му беше и се уште му е извршител на Заев во сите матни работи.

Вакво глумење како Филипче нема ни во цел Холивуд веќе. За Нетфликс да не зборуваме.

Неговите способности за вакво однесување мора да се гледаат освен со осуда и презир и со воодушевување поради тоа што ретко има човек со ваков ѓон од образ да зборува за работи чиј неизоставен дел е и самиот тој. Тој е дел од мрачното минато на лопувлок и предавства кои во Македонија ако сакаме да постои, не смее да се повтори. И му порачуваме Македонија ќе успее и ќе победи. А неговата глума и ова патолошко однесување народот го гледа јасно и го препознава, стои меѓу другото во соопштението на „Белата палата“.

Ваквата реакција следува откако Филипче во интервју ја критикуваше актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на неказнивоста на функционерите, споредувајќи ја ситуацијата со онаа пред 2016 година. Тој изрази загриженост дека сегашната влада се движи кон повторување на старите грешки, со фокус на лични интереси, наместо на отчетност и транспарентност пред граѓаните.

Слични содржини