ВМРО-ДПМНЕ: Весковски и Шилегов плаќале услуги и до 8 пати поскапо од тоа што биле плаќани во наше време

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Кандидатите на СДСМ за градоначалници на Карпош и на Скопје, Душко Весковски и Петре Шилегов, првин најмиле фирма, таа ги завршила градежните зафати на улица Варшавска, а дури два месеци потоа распишале тендер за да ја исплатат фирмата, обвинуваат утрово од опозицијата.

Двајцата, велат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, плаќале услуги и до осум пати поскапо од тоа што биле плаќани во нивно време.

„Еден квадратрен одбележување на ров во 2017 година бил плаќан за 19,3 денари, а сега Весковски и Шилегов го плаќаат за 168 денари, односно скоро 8,7 пати поскапо. Што се сменило од 2017 година до сега во градежништвото, за цените да бидат над 8 пати повисоки? Ништо освен што сега на власт се Весковски и Шилегов. Капа за затворач во 2017 година бил плаќан 980 денари, а сега е платена 6.800 или скоро 7 пати поскапо. Иста пракса имаме и кај услугата фино планирање на дното на ровот, кое во 2017 година е наплаќано 21 денари, сега е 112 денари односно скоро 6 пати. Весковски и Шилегов асфалтот го плаќаат 3 пати повеќе, па ако во 2017 година асфалтирање на исечени делови од асфалт со дебелина 10 цм за 1 метар квадратен било 900 денари, сега е платено 3.520 денари“, соопштуваат од партијата на Мицкоски.

Овие информации, додаваат оттаму, и многу повеќе се доставени до ЈО и очекуваат да отворат случај.

Слични содржини