ВМРО-ДПМНЕ ветува нов објект за Скопска клиника и доизградба на Штипската клиника

од Nikola Popovski
228 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека доколку дојдат на власт ќе изградат нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизградат Клиничката болница во Штип. Според најголемата опозициска партија, нивен главен фокус доколку ги добијат парламентарните избори, ќе биде укинување на дуализмот во здравството.

-Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип. По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар, стои во партиското соопштение.

Изградбата на нов клинички центар, која што се најавува 13 години наназад сепак, остана само во партиските програми и во јавните настапи на политичарите. На терен и во реалноста состојбата не е сменета. Постојниот комлекс клиники не може да ги задоволи потребите ниту на пациентите ниту пак условите за работа на медицинскиот кадар. Пациентите и натаму се приморани да се лекуваат во болници со стара и дотраена инфраструктура и да лутаат низ здравствените лавиринти.

Најавите беа дека во 2024 годинаграѓаните ќе добијат нов клинички центар. Но, законот за изградбата на новиот клинички наиде на блокада од страна на ВМРО ДПМНЕ. Со над 2000 амандмани опозицијата го блокираше проектот во Собранието. Образложението беше дека Владата сака да потроши превисока сума на пари, а не постои ниту проект туку само физибилити студија. ВМРО ДПМНЕ бараше постојниот клинички центар комплетно да се реновира, а паралелно да се изгради нов Ургентен Центар кој би се поврзал со Градската болница Осми септември, што велат би чинело многу помалку пари.

Слични содржини