ВМРО-ДПМНЕ викендов ќе објави дали ќе го поддржи Димитриевски

од Nikola Popovski
470 прегледи

Најголемата опозициска партија во првиот ден од викендот во Охрид на седници на Извршниот и Централниот комитет ќе одлучува за тоа дали и на кои кандидати што не се дел од опозициската коалиција, меѓу кои и Максим Димитриевски во Куманово, ќе дадат поддршка во вториот круг, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Дмитриевски ќе оди во втор круг како независен кандидат против кандидатот на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски.

Трет по број на гласови во првиот круг од изборите заврши кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски.

Слични содржини