
„СДСМ го користи Буџетот за коалициски пазарања и делење нови измислени функции на партиските послушници. Изборот на нови 3 потпретседатели на Собранието на Република Македонија е тотално непотребно„ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по изворот на 3 нови потпреседатели на Законодовниот дом.
„СДСМ создава само дополнителен трошок.
Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра.
Вкупниот трошок за двата нови потпретседатели изнесува 8000 евра.
Тоа се 8000 евра месечно, пари кои можат да се вложат во здравството, образованието, во отворање на нови работни места и за голем број други проекти. Наместо на развој СДСМ сепак се реши овие пари да ги потроши за измислените функции на Ременски и Мисовски.
Одлуката да се именуваат нови 2 потпретседатели на Собранието не создава додадена вредност, туку е уште еден удар по џебот на граѓаните од страна на власта„ се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.