ВМРО-ДПМНЕ: Влада која се грижи за граѓаните не дозволува инфлација од 20 отсто

од Vladimir Zorba
88 прегледи

СДСМ не ги штити граѓаните, туку ги ограбува, а со купи ден – помини политики, односно со привремено решение од замрзната цена, мерка која ни самите во влада не ја почитуваат, сака да се прикаже месија, во ситуација кога дозволи се да поскапе, велат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ самата во Влада набавува леб поскап 30-100% поголеми од цената која ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб или додека за белиот леб со продолжен рок плаќа 75,6 денари.

Покрај тоа, ако СДСМ навистина сакаше да го заштити стандардот на граѓаните уште пред една година ќе донесеше соодветни мерки, ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните.

СДСМ тоа не го направи, наместо тоа ја поскапи струјата за бизнисот и граѓаните и дозволи цените вртоглаво да растат“, порачаа од партијата на Мицкоски.

Влада која се грижи за граѓаните не дозволува инфлација од 20%, односно двојно повисока од таа во еврозоната каде стандардот е многу поголем, велат оттаму.

И откако дозволи се да поскапи и една година граѓаните да осиромашуваат сега СДСМ со привремена мерка за лебот глумат спасители, небаре граѓаните само леб јадат и ништо друго. Да не зборуваме за сите останати месечно трошоци кои ги имаат, порачаа од некогаш најбогата партија во Европа.