ВМРО-ДПМНЕ: Владата му ветува кривична неказнивост на Груевски за да поминат уставните измени

од Nikola Popovski
678 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ја продолжи „војната“ со нејзиниот поранешен лидер Никола Груевски, но и испрати ново обвинување кон Владата. Според партијата, за да издејствува уставни измени, владата има план да му вети кривична неказнивост во Унгарија на Груевски за тој да се врати.

Ова е надежта од каде власта го влече оптимизмот кога вели дека можни се уставни измени. Јасно е дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со амнестијата што помина во собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува овие заткулисни игри, кои имаат цел за спас на оние кои направиле криминал, на штета на народот.Уставни измеми нема да има, велат од најголемата опозициска партија.

Од партијата додаваат дека евидентно е дека „Ахмети заедно со Ковачевски и Груевски ги договарале измените на Кривичниот законик“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го обвини неговиот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени. Груевски се огласи и побара јавен доказ за тоа што го зборува актуелниот лидер на опозицијата.

-Дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата, објави меѓу другото Груевски.

Изминатите денови дојде до серија обвинувања кон, но и деманти од страна на членови на Владата, кои беа посочувани дека се сретнале со Груевски во Будимпешта. Исто така и претседателот Стево Пендаровски информира дека годинава двапати добил предлог од одредени политичари блиски до опозицијата, да размисли за помилување на поранешниот претседател на Владата и негово враќање во државава.

Слични содржини