Македонија се гуши во сѐ позагадениот воздух, а владата на СДСМ сѐ уште нема излезено со мерки против загадувањето. Зарем треба луѓе да умираат за да излезат со конкретни мерки, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе 6 месеци СДС ветува, но нема ништо преземено за да се намали загадувањето на воздухот во Република Македонија. Целокупната одговорност и сите институции кои треба да реагираат се во рацете на СДС. Потребни се мерки веднаш. Стоп за популизмот, и лажните ветувања. Во прашање е здравјето на илјадници граѓани. Наместо евтин популизам и декларативни заложби потребно е итно дејствување. Пред сѐ Владата, но и Шилегов и останатите градоначалници на СДС наместо парадариње треба да си ги засукаат ракавите и да почнат да преземаат мерки за почист воздух. Граѓаните очекуваат резултати. СДС во текот на изборната кампања на граѓаните им ветуваше подобрување на животната средина и почист воздух. Но веднаш по изборите се покажа дека тоа беше уште една нивна лага и манипулација за собирање на повеќе гласови“,соопшти ВМРО-ДПМНЕ.