ВМРО-ДПМНЕ: Власта излегува со контрадикторни ставови во однос на разговорите со Бугарија

од Vladimir Zorba
205 прегледи

„Власта излегува со контрадикторни ставови во однос на разговорите со Бугарија. Едно говори министерот за евроинтеграции Маричиќ, друго кажува министерот за надворешни работи Османи“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По однос на односите со Бугарија едниот вели дека „Не би сакале да дискутираме и да се врзуваме со рокови“, другиот вели „Сите прашања, да бидат меѓусебно поврзани во еден роковник, во рамки на еден договорен пакет“.

Дипломатијата и дома и надвор остава впечаток дека функционира како раштиман оркестар, без стратегија и план, па не е ни чудо што сме на вакво дереџе.

Се поставуваат прашањата:

Има или нема рокови за решавање на прашањата со Бугарија?

Има или нема координација и стратегија на двајцата повикани министри?

Или пак ова е обид преку какофонија да се замајува јавноста, додека зад завесата се подготвува нова распродажба на националните интереси?“, прашуваат од Белата палата.