ВМРО-ДПМНЕ: Власта крати два милиони евра од буџетот за заштита на животната средина

од desk2
89 прегледи

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека власта крати два милиони евра од буџетот за заштита на животната средина.

„Зголемување на инвестициите за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот, а од позиција на власт крати 2 милиони евра од буџетот наменети за заштита на животната средина. Човекот кој дрско одеше и ветуваше квалитетен амбиентален воздух, СЕГА, на крај памет не ја става животната средина како една од приоритетите на граѓаните“, рече Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНE.

Мерните станици за квалитетот на воздухот на повеќе локации не функционираат, а во буџетот нема пари за нови, обвини таа, но потсети дека владата треба да знае дека тоа што на места нема мерни станици не го менува фактот дека воздухот е загаден.

„ИПА проектите доцнат, а најклучните, како двете регионални депонии се доведени под знак прашање. Може да се случи поради несериозниот пристап и непрофесионалност на градоначалниците од СДСМ, да се изгубат повеќе од 50 милиони евра“, рече Ковачевиќ.

Додаде дека ако со ветувањата дека ако почнеме преговори со ЕУ ќе добиеме многу средства со компензационите фондови, се поставува прашањето каде и како ќе ги потрошат, кога не знаат да ги искористат ниту овие што СЕГА им се на располагање, а очигледно сето тоа е заради немањето ни идеја нити пак стручност за понатамошна реализација.