ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ владее нервоза

од desk2
66 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ на тема економија.

„Хаотичните и жолчни соопштенија на СДСМ само покажуваат колкава нервоза владее во партијата.

СДСМ во недостаток на аргументи се обидува со лаги и манипулации да ги покрие фактите за разликата во владеењето на СДСМ и тоа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на СДСМ се затворија 684 фабрики, а на улица останаа 200.000 работници. 200 илјади семејства во време на СДСМ останаа без егзистенција. Во време на СДСМ, поради нивна катастрофална економска политика невработеноста порасна на рекордни 39%. Немаше мерна единица која можеше да ја измери сиромаштијата во време на СДСМ. Фабрики и погони во време на СДСМ се затвораа и никој не памети една инвестиција.

За разлика од тогаш денес во Македонија се отворија десетици странски инвестиции низ целата земја во кои се вработија илјадници граѓани. Над 170 илјади нови работни места се отворија поради правилните економски политики водени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа денес невработеноста е сведена на рекордни 23,4%.

Бројките ја покажуваат разлика. Таа разлика ја гледаат и граѓаните и затоа по десети пат по ред на СДСМ му испорачаа изборен пораз“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.