Македонија е заглавена во криза зашто СДСМ сака да ја измами изборната волја на граѓаните и да го занемари гласот на мнозинството кое гласаше за ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, како што наведува, нови парламентарни избори заедно со локалните се најефективното решение за излез од кризата. На тие избори граѓаните ќе имаат реална можност да кажат што мислат за т.н. тиранска платформа и за планот на Заев да ја редефинира државата.
– Криминалецот Заев за да ги покрие своите криминали од Поткуп, Пуч, Цареви кули, па се до изборните измами, тргуваше со највисоките државни и национални интереси. За да формира влада и да се спаси себе си од кривичен прогон Заев молкум ја проголтува секоја антидржавна изјава на Зијадин Села, кој Македонците ги прогласи за непостоечка нација, а државните симболи на Македонија не ги признава и сака да ги смени. Молкум ја одобрува и секоја антидржавна изјава на Еди Рама, човекот кој му ја спакува тиранската платформа, смета ВМРО-ДПМНЕ.