Денеска Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 131,6 милиони евра. Тоа е задолжување од неверојатни 280 евра за секое четиричлено семејство.Политиките на владата на СДСМ и Заев ја руинираат македонската економија и ја водат кон банкрот.Штетата која што ја прави СДСМ со секој изминат ден се потешко ќе биде да се надомести, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Единственото економско блескање кое што го најавуваше Заев се енормите износи на нови задолжувања.
Во државата цветаат само личните бизниси на фамилијата Заеви. Забрзаното задолжување е само показател дека Зоран Заев го интересира само како да ги присвои парите на граѓаните преку неразумно трошење и сомнителни тендери.Историското рекордно ниско ниво на капитални ивестиции во јануари од 1.67 отсто говори дека СДСМ не знае каде тера. Со скапа пропаганда ги лаже граѓаните дека реализираат инвестии, а бројките говорат дека СДСМ ништо не изградиле.Ги нема помпезно најавуваните патишта,автопати, болниците, училиштата, проектите за младите, амбулантните возила. Заев се утепа од лажење, а од инвестиции останаа само семејните богатења и зголемување на капиталот на неговите функционери.Зоран Заев се богато, задолжувањата се зголемуваат а граѓаните осиромашуваат. Јавниот долг не само што е висок, туку ги надмина енормните 50% заканувајќи се со тотално банкротирање на државата. За еден месец владата на Заев потрошила 1.3 милијарда денари за привремени вработувања, а за неполни три години трошоците за привремените вработувања се зголемени за огромни 71%.Расипничкиот однос на Заев и СДСМ резултира со беда и банкрот. На ова поигрување сл државата, ќе му дојде крај на 12-ти април, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ќе започне обновата на економијата во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.