Целосниот молк од страна на секретарот на Градот за скандалозните информации за вршење на семејно насилство предизвикува уште поголеми сомнежи дека она што го говориме е вистина, вели Емилија Ангелова, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, Зоран Глигоров е човек за кој се врзуваат насилни дејствија.
– Тој треба да и одговори на јавноста дали бил пријавуван за семејно насилство и тоа неколкукратно? Глигоров да одговори дали на 25.06.2007 година е пријавен за тешка телесна повреда врз женско лице со иницијали Л.Г нанесени преку повеќе удари и изненаден напад, и дали на 12.03.2017 година е пријавен за нанесување на телесна повреда при вршење на семејно насилство врз Љ.Г. преку повеќе удари и изенаден напад?, прашува Ангелова.
Ангелова очекува во најбрз можен рок Глигоров да одговори на вакви изнесените сомнежи, но доколку се утврди било каква негова поврзаност со вакви дејанија, бара да поднесе оставка, а доколку не го стори тоа веднаш да биде разрешен од функцијата секретар на Град Скопје.
Од МВР за „Локално“ преку два дена информираа дека не стигнало пријава за физичка пресметка помеѓу Глигоров и член од обезбедувањето.
До нив пријава имало само на 09.01.2023 во 12:30 часот дека во канцеларија во Град Скопје околу 08.30 часот, вработен како секретар од страна на вработен како обезбедување добил закани, по што бил извршен разговор во полициска станица.