ВМРО-ДПМНЕ за излегувањето на Трајанов од владината коалиција: „Сите бегаат од бродот кој тоне“

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз. Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само ‘Пазар 3’ коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.

Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори.

Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени“, се додава во соопштението.

Слични содржини