ВМРО-ДПМНЕ за Коцевски: Зошто според него мал пропуст не е причина за разрешување?

од Nikola Popovski
52 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ смета дека вчерашната изјава на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски е голем гаф на обвинителот.

-Со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка Коцевски кажува дека доколку е лесна грешка или пропуст, ама да не е тежок тој ќе остане. Кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст?

Јавен обвинител не смее да има никаков пропуст ако сака и другите во државава кои треба да ги истражува да немаат никаков пропуст. Зошто тогаш тие со помал пропуст не ги ослободува како обвинител? Зошто според него мал пропуст не е причина за разрешување. Тогаш мал пропуст мал прекршок на закон не треба да се санцкионира според таа логика, велат од партијата на власт преку соопштение.

Министерството за правда го подготвува барањето за разрешување на републичкиот јавен обвинител Коцевски. Тој пак вели дека ќе се повлече, само ако се утврди дека направил тешка дисциплинска повреда.

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем. Запрашана за коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски кусо одговори дека нема коментар, но дека го следат процесот одблиску.

„Немам коментар, запознаена сум и го следиме процесот, според моите сознанија во тек е процесот согласно законските процедури и одблиску го следиме“, одговори Агелер.

Владата на 11 февруари донесе одлука да поведе постапка за разрешување на Коцевски, а денеска на седница треба да го разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители.

Коцевски во Собранието беше избран за нов државен јавен обвинител во февруари минатата година. Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години.

Слични содржини