ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Стразбур: Суштината и правдата ќе излезат на виделина

од Nikola Popovski
143 прегледи

Владата наместо да слави за одлуката во Стразбур, треба да се загрижи, суштината и правдата ќе излезат на виделина, судот само констатира дека апликациите се преуранети, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Од партијата потенцирааат дека ЕСЧП донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите.

-Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија. Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини