ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Трајанов за широка коалиција: Да имаше чесни намери, немаше да тера интриги и ќе побараше чисти избори

од Берта Китинска
193 прегледи

Павле Трајанов да имаше чесни намери немаше да се препелка и да тера интигри, туку ќе побараше чисти избори и проверка на волјата на народот, вели за „Локално“ портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во врска со предлогот на лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов кој сугерира да се размислува за широка коалиција, во која ќе се вклучи и ВМРО-ДПМНЕ.

-Не можеме да ја сфатиме сериозно неговата иницијатива особено што досега несериозно се однесува.А, ако тоа е став на власта тогаш тоа треба да го кажат тие.Ние сме за широка коалиција за отпочнување на процесот за предвремени парламентарни избори, очекуваме дека Трајанов да ја отпочне таа иницијатива, вели Митева.

Пратеникот кој е дел од мнозинството, отворено размислува за други опции.

-Mислам дека сега нема услови за ново парламентарно мнозинство ниту пак некој за тоа веќе разговара. Помина таа тема и сега, можеби, поблиску сме да се отвори прашањето околу тоа дали треба да се организираат предвремени парламентарни избори или, пак, треба да се оди до крај на мандатот. Во една ваква ситуација, моја сугестија е, прво и прво, да се размислува за некоја широка коалиција, во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии и мислам дека на тој начин ќе се вклучат сите можни капацитети во државата за надминување на предизвиците со коишто се соочува сега нашата држава.Широка коалиција – да влезе во таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициони партии, смета Трајанов.

Б.М.

Слични содржини