ВМРО-ДПМНЕ: За сериозни теми како правосудството, наместо најодговорните во партијата, СДСМ го пушта подмладокот да зборува

од Nikola Popovski
83 прегледи

„До кое дереџе се паднати СДСМ може да се види по тоа што за сериозни теми како правосудството, наместо најодговорните во нивната партија, го пушта да зборува подмладокот“ – вака возвратија од ВМРО-ДПМНЕ на претходните прозивки од СДММ во однос на случајот со пратеникот Сергеј Попов и неговото учество во тешка сообраќајка пред 10 години.

Според партијата на власт, за време на владеењето на партијата од „Бихаќка“, како што велат, правосудниот систем го претворија во алатка за заштита на нивната политичка елита.

-Да не беше така, нивниот сегашен претседател, Венко Филипче немаше слободно да се шета по улиците и по белиот свет, а кабелот да е крив што 14 луѓе живи изгореа во модуларната болница во Тетово кога тој беше министер за здравство. СДСМ се креатори на безредието и нефукционалниот систем и тоа најдобро го покажаа во изминатите седум години власт. Седум години власт на СДС државниот апарат беше ставен во служба на заштита на нивните моќници, се вели меѓу другото во ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно младината на СДСМ побара ревизија на случајот. Од подмладокот на најголемата опозициска партија потсетуваат дека Попов во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајна несреќа. Како што велат, лидерот на УМС поминал само со парична казна од 500 евра. Од СДММ го поставија и прашањето за селективноста на правосудниот систем во тоа време и дали тогаш партијата на ВМРО-ДПМНЕ влијаела врз одлуките на истиот.

Попов во петокот на Фејсбук напиша дека е точно дека пред 11 години направил грешка која имала последици, но за истата го платил долгот и оттогаш веќе не возел ниту положил за возачка дозвола. Тој исто така додаде дека „не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината“.

Слични содржини