Вистината не може да крие во недоглед. Многу е јасно, Обвинителството ја отфрли пријавата за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Со оваа одлука, вистината излезе на виделина, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако Обинителството ја отфрли кривичната и го „исчисти“ Христовски од сомнителниот серитификат за англиски јазик издаден во Бугарија.
Од партијата додаваат дека сите лаги на СДСМ паднаа во вода.
-Да потсетиме, а во СДС знаат и сами правосудниот систем не може да работи само под притисоци и да ги крие нивните лаги, имаше и случаи во кои судот јасно докажуваше дека клеветат, стои во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.
Претходно од СДСМ порачаа дека со одлуката за отфрлање на кривичната пријава, Јавното обвинителство се стави во улога на алатака во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.
-Наместо независен огран ослободен од политиката, да го брани јавниот интерес и владеењето на правото гледаме скандалозно селективни постапки за перење на Христовски и незаконското назначување за директор на АНБ. Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?, прашува опозицијата.