ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени: Дали Апасиев и Крмов се подготвени да се повлечат од политиката поради тоа што грубо лажеле?

од Nikola Popovski
264 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утрово реагираше на синоќешната изјава на пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој најави дека сите пратеници на најголемата опозициска партија ќе гласаат за уставни измени и внесување на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот.

-Разбираме дека Левица има задача дадена од СДС и Ковачевски да одработува за власта и да прави, онолку колку може неединство и штета во опозицискиот блок, но ова е несериозен обид за тоа, вели за „Локално“ портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според неа, „тенденцијата за занимавање на Левица со ВМРО ДПМНЕ, наместо со изворот на проблемите – власта го потврдува ова“.

-Но затоа што политиката е сериозна работа, Крмов и Апасиев прво ќе треба да понудат доказ за овие тврдења, а кога нема да понудат ништо, затоа што тврдењата се голема лага, добро е да одговорат дали се подготвени да се повлечат од политиката поради тоа што грубо лажеле?, праша Митева.

Крмов синоќа во телевизиско гостување изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати да се реализираат уставните измени.

-Од наши извори коишто ги имаме, ВМРО ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе биде пред или после избори. Пред избори, повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ. Нашите извори велат дека ќе гласа цел парламент (освен Левица), за да им дадат покритие. Морам да истакнам и да ги предупредам ВМРО-ДПМНЕ, ако уште едно предавство како со Преспанскиот договор се случи, со учество на ДПМНЕ, ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, рекол меѓу другото Крмов.

Н.П.

Слични содржини