ВМРО-ДПМНЕ: Заев да го надмине стравот и да прифати дебата

од desk2
72 прегледи

Зоран Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, која е основно демократско средство во политиката. Оваа дебата не е само за собирање на политички поени и надмудрување помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, туку станува збор за дебата на која што ќе се разговара за суштински прашања кои задираат во идентитетот на државата и треба да му помогнат на народот да одлучи во каква Македонија сака да живее, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Заев знае дека е многу потешко кога ќе се соочи со виситината за неговата капитулација и кога ќе му бидат предочени сите аргументи за злото што и го нанесува на државата.
„Затоа Зоран Заев се плаши од дебата. Тој е свесен за економскиот пустош и антидржавните политики кои ги спроведе.
Заев бега од одговори бидејќи не може да го оправда губењето на идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.
Тоа е причината заради која Заев ги потценува граѓаните и смета дека тие немаат право сами да одлучат“, стои во партиското соопштение.