ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ добија „не“ од народот за нивните антидржавни политики

од desk2
99 прегледи

 

Премиерот Зоран Заев и СДСМ добија едно големо НЕ од народот за нивните антидржавни политики, неспособност и расипништво, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот им кажа НЕ на Заев и Тевдовски за растот на БДП од нула проценти и економијата која е во слободен пад. Народот му кажа НЕ на Зоран Заев за урнисаното здравство кое на министерот Филипче единствено му користи кога треба да подели некој тендер.

НЕ, доби и Царовска која заедно со Заев упорно го лажеше народот дека нема да има мигрантски кампови во Македонија. Големо НЕ имаше и за Оливер Спасовски кој користеше сила кон народот кој требаше да го штити, народот кој сега живее во страв поради низата убиства и крвави напади кои Спасовски се уште ги нема разрешено“, стои во соопштението.

Од партијата коментираат и дека народот го покажал и своето незадоволство од капитулантскиот договор со Грција кој го потпиша Димитров, под покровителство на Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Според нив, граѓаните покажале дека не им е до славење.