ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се коцкаат со животот на граѓаните за да го ублажат поразот што им претстои

од Берта Китинска
110 прегледи

„Зоран Заев и СДСМ играат „ол ин” со здравјето на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со животот на граѓаните за да го ублажат поразот што им претстои.Власта нема капацитет да се справи со епидемијата. Здравјето на граѓаните не е приоритет на Зоран Заев. Пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот зема се поголем замав. показател за тоа се новозаболените лица кои на дневна основа надминуваат бројка над 50“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека  покрај рапидното растење на бројот на новозаболени, веќе неколку дена се бележи и зголемена бројка на починати од корона вирусот

„Комисијата за заразни болести попушти под политичките притисоци од СДСМ. Желбата за лажно претставување на ситуацијата заради организирање предвремени парламентарни избори, резултираше со енормно зголемување на бројот на новозаболени и починати. Катастрофата што ја гледаме е доказ за некадарноста и несериозноста на главната институција во борбата со вирусот.

Иако здравствените работници кои што се на првата борбена линија непоштедно работат за подобрување на здравствената состојба во државата, сепак кормиларот на бродот повеќе делува политички, отколку во насока на подобрување на ситуацијата во која што се наоѓаме.

Мора темелно да се размисли и да се донесуваат суштински решенија во кои евентуалната грешка би требала да се сведе на минимум, а не да се играат политички игри на сметка на здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Покрај здравствената состојба која е примарен проблем во државата, лошите мерки кои се спроведуваа во здравството се одразија и на економијата. економијата од ден во ден тоне се подлабоко. Тие се штети кои тешко ќе се надоместат доколку владата не почне да размислува и делува во полза на народот, а не на нарачателот Зоран Заев и партиските соработници. Досегашното лошо раководење со здравствениот систем и економијата резултираат со задолжување на секое семејство за 1500 евра. Тоа доволно укажува на тоа какви луѓе ја водат државата веќе три и пол години, особено во време на ваква пандемија која ја зафати целата држава.На ваквото неработење ќе му дојде крајот, поради тоа што граѓаните заслужуваат стабилност и сигурност, а не да бидат оставени сами на себе.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме Хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини