Попладнево во Собранието се оддржал состанок на коалиционите партнери и владеачката ВМРО ДПМНЕ на која било расправано за состојбите во колицијата, посочуваат за Локално дел од учесниците на средбата.
Емил Димитриев ген.секот на ВМРО ДПМНЕ, им најавил на коалиционите партнери дека планираат на 18 ти, ден по митингот на граѓаните и опозицијата , да направат најголем митинг, многу поголем од оној граѓанскиот митинг кој се најавува за 17 ти од СДСМ.
Колиционите партнери не биле воодушевени од намерите, и немало потврда дека сите ќе учествуваат на истиот, и кажале дека сепак тоа ќе го решат со своите партиски органи. Имало прашања дали тоа можеби е организирање на контрапротест, со оглед на тоа што опозицијата најави дека нема да си замине на 17 ти и дека ќе остане и во наредние денови, на што Димитров рекол дека тогаш тие би оделе на некоја друга локација, немајќи одговор дали е тоа безбедно и како тоа толку многу луѓе ќе спречат да не се судрат.
Во исто време вечер во Мала Речица состанок на централното претседателство на ДУИ на кој ќе се решава дали партијата и натаму ќе остане во коалицијата со владејачката ВМРО ДПМНЕ.
