ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН го предложиле Гаши со 75 потписи

од Nikola Popovski
244 прегледи

Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВЛЕН и Движењето ЗНАМ, претседателот на Алтернатива која е дел од ВЛЕН, Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието.

Пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија собраниската сала, каде се одржува конститутивната седница на новиот собраниски состав.

Претходно, беше избран составот на Комисијата за прашања за именувањата и изборите.

Собранието денеска во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници.

Со тоа им престана мандатот на пратениците од стариот собраниски состав. На новите пратеници кои се носители на други функции исто така им престана функцијата. На вкупно шест пратеници им прекинува функцијата во Владата заради што Владата ќе ги извршува само техничките функции до изборот на новата влада.

Слични содржини