Премиерот Емил Димитриев ги пропрати оставките на министрите и заменици на ДУИ до парламентот. Тие денеска ќе бидат усвоени од пратениците без некоја поголема помпа и ќе се изгласаат и новите минситри на ДУИ. Засега нема најави од ВМРО-ДПМНЕ за промени на министерскиот состав од редот на таа партија.Груевски му даде предност на Ахмети.
ОД кабинетот на премиеорт Димитриев само кратко информираа: – Премиерот Емил Димитриев ги прифати оставките на министрите од ДУИ и согласно процедурата тие се испратени до Собранието на Македонија. Право на политичката партија ДУИ е кои лица ќе ги повлече од позициите за министри и кои лица ќе ги определи и достави како предлози за избор на министри и, за овој процес се во тек консултации.
ДУИ во межувреме соопшти дека партискиот лидер Али Ахмети, во согласност со едногласната одлука на централното претседателство на партијата, одлучиле да ги предложи следните кандидати за свои претставници во извршната власт:

1. Фестим Халили: министер без ресор (вицепремиер задолжен за европски прашања)
2. Арбер Адеми: министер без ресор (вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот Договор)
3. Валдет Џафери: министер за правда
4. Пиштар Лутфиу: министер за образование и наука
5. Дритон Кучи: министер за економија
6. Башким Ахмети: министер за животна средина и просторно планирање
7. Шухрете Елези: министер за локална самоуправа
8. Арлинд Зеќири: министер без ресор (задолжен за странски инвестиции)
9. Беким Максути: заменик министер за одбрана.
10. Агим Нухиу: заменик министер за внатрешни работи
11. Фатон Положани: заменик министер во Министерство за транспорт и врски
12. Гзим Беадини: заменик министер во Министерство за финансии
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Владата до денес нема пристигнато најави или информација за промени на министрите од редовите на партијата и коалицијата за Подобра Македонија која ја предводи Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ.
Играта со ДУИ- Изборите ќе бидат погреб на остатоците од демократска Македонија
Експертската јавност засега го чека следниот чекор за овој договорен потег на Груевски и Ахмети и оваа ротација на едни министри со други послушници кратко го коментира само како нови марионети на политиките на Груевски и Ахмети.
Распуштањето на парламентот најавено за среда е клучната приказна. Викендов партиите имале консултации со меѓународната заедница,дознава Локално.мк, а за денеска се очекува да биде соопштен ставот и упатена пораката. Извесно е дека ДУИ во наредните денови ќе настапи и испорача многу тврди барања и ќе инсистора на нови политички и ситемски отстапки. Ќе има тука и една од трите државни позиции ,ќе има прекројувања и ќе се враќа етничката и национална карта, се со цел да се врати довербата кај гласачкото тело и изгубената поддршка за Ахмети. ДУИ стои катастрофално на терен и нејзините гласачи особено од Скопје, порачуваат дека ќе гласаат за СДСМ, наместо за ДУИ или ДПА.
Незадоволството од владеењето на Ахмети е големо , но странците изгледа нема да сакаат да го жртвуваат послушното ДУИ, кое е добро и за војни и за мир.
НЕ е исклучено дека одлагањето на изборите ќе биде токму по одлука и барање на ДУИ, и дека на тоа се согласува и ВМРО ДПМНЕ , само за да не го загуби колиционирањето со Ахмети и ДУИ, бидејќи само така Груевски го гледа својот спас и опсатнок на политичката сцена и евентуално задржување на тронот.