ВМРО ќе свика референдум доколку има повлекување од ставот за С.Македонија, вели Џамбаски

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Доколку владата се повлече од официјалниот бугарски став за Република Северна Македонија, ВМРО ќе иницира национален референдум за ова прашање, соопшти европратеникот и заменик претседател на партијата, Ангел Џамбазки.

Според него, можната промена би го разнела бугарското општество и би довело до протести низ целата земја.

„Ги повикуваме претседателот, министрите и политичките партии застапени во парламентот да се однесуваат одговорно по прашањето за Македонија и да не отстапуваат од оваа бугарска позиција. Ако има и најмало навестување за повлекување, тогаш би го поставиле прашањето за свикување национален референдум на оваа тема“, истакна Џамбаски, цитиран од БНР.

ВМРО ги повика сите бугарски граѓани кои го поддржуваат нивниот став да дојдат пред Претседателството на 10 јануари за време на Советодавниот совет за национална безбедност, што ќе го свика претседателот Румен Радев.