ВМРО-Народна бара можност за откуп на затворската казна по цена определена од државата

од Nikola Popovski
343 прегледи

ВМРО-Народна партија ја коментираше изјавата на директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ, кој вчера изјави дека во затворите во Северна Македонија во моментот отслужуваат казна 2260 осуденици дури 160 затвореници повеќе отколку што има кревети. Партијата нагласува дека има затвореници кои допрва треба да ја отслужат својата казна, a притоа во затворите затворениците спијат дури и по ходниците.

-Со ваквата фактичка состојба се обновува иницијативата која се практикуваше до пред 15 год во Северна Македонија за можност на откуп на затворската казна по цена определена од државата до една година. Со оваа мерка не само што Северна Македонија како држава ќе заштеди туку и многу повеќе ќе им помогне на осудениците во нивното општествено и социјално адаптирање.

Во таа насока сакаме да спомнеме и дека оваа мерка масовно се применува во Европа, а во Босна и Херцеговина пак се оди до степен да ваквата опција им е овозможена и на воените злосторници, стои во соопштението од партијата на Љубчо Георгиевски.

Стојановиќ вчера информираше дека во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари има 135 кревети, а во моментов таму одлежуваат казна 226 осудени лица.

-Јас таму бев 9 години од мојот работен век и мора да се направи нешто за да се релаксира. Во „Шутка“ не спијат на под, но во КПУ „Идризово“ има таква појава бидејќи физички нема каде да сместиме кревети. Има некаде 40-60 лица кои спијат во ходник на душеци, изјави директорот на Управата за санкции.

Слични содржини