ВМРО-Народна партија побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, поради како што велат, грубо рушење на македонскиот суверенитет и идентитет.
-На 30 јуни во Штип во присуство на локалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и црковни великодостојници на Македонската православна црква, беше одбележана 110-годишнината од брегалничката битка и откривање на обновената од страна на Република Србија постојна спомен плоча, пишуваат од партијата, наведувајќи дека според нив интересен е моментот со кој се потврдува фактот дека на нетранспарентен начин помеѓу Северна Македонија и Република Србија е потпишан договор за обновување на сите споменици кои во времето на Караѓорѓева Југославија биле изградени на територијата на Македонија, а уште поизненадувачки е фактот дека на сите досега обновени споменици се допишува дека „се срушени во време на бугарската фашистичка окупација“.