ВМРО-Народна бара ТВ Алфа да не прикажува содржина која го „србизира македонскиот народ“

од Nikola Popovski
191 прегледи

ВМРО-Народна партија ги поздравува оние медиуми и општествено политички и активни граѓани кои придонесуваат во смирување на односите со соседна Бугарија, особено после ескалацијата околу 4-ти февруари, а во интерес на нашиот пат кон европската интеграција.

-За жал сеуште има такви медиуми, би ја издвоиле „Алфа Тв“ која во својата реторика продолжува со создавање на подбуцнувачка атмосфера, а посебно фрапира речникот со кои ги коментира македонските граѓани кои сакаат да се декларираат како Бугари. Реторика која се граничи со шовинизам, велат од ВМРО-НП.

При тоа партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски бара телевизијата да не прикажува југословенски филмови.

-Од друга страна пак и скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на „Алфа Тв“ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ. Го повикуваме Советот за радиодифузија да ја изанализира оваа нескриена цел на оваа таканаречена македонска телевизија, порачуваат од ВМРО-Народна.

Слични содржини