ВМРО-Народна ќе гласа за уставни измени

од Nikola Popovski
380 прегледи

ВМРО-Народна партија речиси со сигурност ќе гласа за усвојување на уставните измени и внесување на бугарското малцинството во Преамбулата.

Партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати јасна и недвосмислена поддршка во однос на овој процес што треба да започне во Собранието.

-Сметаме дека со овие предлог уставни промени конечно Северна Македонија ќе добие избалансиран Устав кој во никој случај не го загрозува идентитетот, кој ќе не ослободи од багажот и потешкотиите со кои се соочуваме веќе години наназад, а притоа и ќе ни го отвори патот кон Европската унија, велат од ВМРО-Народна преку соопштение.

Слични содржини